Големо невреме во Делчево и околината


Попладнево Делчево и околината ги зафати невреме, што предизвика прекин на расадувањето на тутунот и на  садењето на компирот, гравот, пченката и другите градинарски култури, пренесува Денешен.

grad1Пороен дожд и  град во големина на лешник ги погоди атарите на селата Вирче, Нов Истевник, Стар Истевник, Тработивиште и Разловци.

Првичните сознанија говорат за штети на градинарските култури, овошните насади , луцериштата, ливадите и на патиштата.

Пораснат е водостојат на реките Брегалница, Желевица и нивните притоки Даштица, Габровчица, Куровица, Виречка и Градска река,  но  до сега нема излевање од нивните корита.

Забележани се одрони од карпи и свлечишта од кал на  коловозот на патот Кочани – Берово, на делниците помеѓу Македонска Каменица и Делчево и помеѓу Делчево и Пехчево. Сообраќајот се одвива во отежнати услови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1