Хауард Маркс бргу по дипломирањето сфатил дека науката нема да му донесе многу пари. Почнал да шверцува дрога, заработувал милиони и вели – спротивно на изреката, парите може да ве направат среќни!
Учествувал во пренос на пратка од 30 тони од Тајланд до Кина. Тогаш заработил 700 000 фунти. Само за една помината пратка хашиш преку аеродромот Кенеди добил 3 милиони фунти.
– Заработував просечно по три милиони годишно. Спротивно на изреката, мислам дека парите можат да го направат човек среќен!
Прв пат бил уапсен кон крајот на седумдесеттите. Од затвор излегол по две години и продолжил со „бизнисот“. Пак е фатен кон крајот на осумдесеттите.
Судот во Флорида го осудил на 25 години затвор, но одлежал само седум.
По излегувањето од затвор во 1996 ја напишал автобиографијата Mr. Nice. Најс е неговиот прекар, бидејќи го користел пасошот на осудениот убиец Доналд Најс. По објавувањето на книгата заработил 500 000 фунти, а чекови пристигаат до ден денес. И покрај огромната сума успеал да потроши повеќе, најмногу на жени, поради што го оставила сопругата. Денес е сиромашен но пак среќен. Вели – најважно ми е што сум на слобода, не мислам на пари!!!