Зијадин Села од ДПА останува градоначалник на Струга. ДИК одби 13 од вкупно 17 приговори на ВМРО-ДПМНЕ за оваа општина, јави Алфа телевизија.
Прифатени се два приговори но вкупнипт број на гласачи во овие избирачки места е 1487 и не може да влијае на конечниот исход бидејќи разликата меѓу Села и заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Владо Кочоски е околу 5000 гласа.
Се чека на гласачките кутии за да се пребројат гласачките ливчиња во избирачките места каде имало повеќе ливчиња отколку во списокот.
ДИК сега ќе ги разгледува приговорите на СДСМ за 15 општини.