Нема пријава за силување, МВР не знае од каде се тврдењата на мајката


Скопската полиција нема регистрирано никаква пријава за силување во последните 48 часа и нема информации дека дваесетгодишната Стефани Брзанова, која вчера си го одзеде животот во скопската населба Аеродром била нападната од такси возач, како што тврди нејзината мајка.

– Нема никаква пријава за силување во СВР Скопје. Проверени се сите станици во градот. Не знаеме од каде се тврдењата на мајката на починатото девојче, велат од МВР, пренесува ВЕЧЕР.stefni-640x640

Александра, мајката на Стефани, тврди дека ноќта пред самоубиството нејзината ќерка била силувана од таксист, дека е пријаверно во полиција и дека има осомничени.

-Таа доби работа на брод и требаше да замине во Америка на 9 април. Вчера се случи нешто трагично за неа, кое, ете не можеше да успее да го надмине и да продолжи да живее. Ноќеска ја силувал таксист кој требало да ја донесе дома. Слушнав како вреска ноќеска се стрчав и ја најдов распарталена и избезумена. Ми кажа дека таксистот ја силувал. Веднаш пријавивме на полиција и истрагата е во тек. Знаев дека за моето дете тоа е ужас но не помислив дека ќе се реши да си го одземе животот. Утрово, ете, без да забележам се реши на најстрашното – вели за Либертас мајката на 20-годишната Стефани.

Телото на Стефани е предадено на судските вештаци за обдукција кој треба да ги провери наводите на мајката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1