Нема промени во здравствената состојба на музичарот Маџиров


Зоран Маџиров, познатиот музичар, сè уште е приклучен на апарати за дишење и нема промена во неговата здравствена состојба по сообраќајката во која тој беше тешко повреден, а се случи пред пет дена. Од Клиниката за реанимација при скопските клиники велат дека прават сè за да му ја подобрат здравствената состојба.madzirov

Сообраќајката во која тој беше повреден се случи околу 16.10 часот на мокриот магистрален пат А-4 Штип – Радовиш во насока на движење кон Радовиш. Маџиров го возел својот „мерцедес“. Од засега непознати причини тој се судрил при разминување со влекач „даф“ со кумановски регистарски ознаки со полуприколка „шмитз“, управуван од Н.А.(39) од Куманово.

Во незгодата задобил тешки повреди на главата, градите и на нозете. Откако бил извлечен од возилото, со итна помош бил пренесен во струмичката болница, а оттаму на скопските клиники.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1