Лабораторијата на Институтот за микробиологија повторно остана без дел од потребните реагенси за работа, објавува порталот Сакам да кажам.На огласната табла во лабораторијата стојат известувања до пациентите дека нема реагенси за испитување на инфекција со ХПВ, нема реагенси за испитување на хеликобактер пилори во крв, а нема и реагенси за ревматоиден фактор во серум. Скоро постојано во оваа лабораторија недостига некој реагенс.
Лани и преклани со месеци немаше реагенси за кламидија и за ХПВ, а во исто време и во останатите лаборатории во јавно здравство недостигаа реагенси за разни други испитувања.
Повеќе на – SDK.mk