Нема среќа за нас во Европа: Емигрантите, разочарани од Западот, се враќаат дома!


Агенциите за бегалци известија дека само во текот на изминатата недела 50 Курди кои што веќе побарале азил во Германија, одлучиле да се вратат во воената зона на Ирак, бидејќи западна Европа не е она за кое што се надевале дека е.

За да дојде до Германија, која што до неодамна ја сметал за “ветената земја”, Мохамед Азиз Кадир одел осум часа низ Турција, а потоа се согласил на 20-часовно измачувачко возење во камион, во текот на кое постојано бил згрчен, пишува британски Telegraph. Тешкиот пат вклучувал и пловење со старо и небезбедно бродче, но сè со цел да го оствари својот европски сон.migranti-ungarija

– Седевме со колената притиснати до градите. Едвај можевме да дишеме. Тоа дефинитивно не беше хуман начин на патување. Се чувствуваме како стока. Луѓето користеа секакви садови во недостаток од тоалет и смрдеата беше едноставно грозна, раскажува тој.

Но, набрзо откако пристигнал во Германија, Мохамед Азиз Кадир, инаку ирачки Курд, сфатил дека тоа не е земјата за него, па набрзо решил да се врати дома. Тој е еден од бројните бегалци, според податоците на Агенциите за бегалци кои што ги бележат сè почестите случаи за лица кои што од Германија се враќаат во своите држави, бидејќи западна Европа едноставно не е она за кое што се надевале дека е.

Потешкотиите со кои што се соочуваат во Ирак, тие процениле дека се поподносливи од животот во бегалските кампови.

– Кога за прв пат влегов во кампот бев шокиран од разликата помеѓу Берлин кој што го имав во својата глава и она што го видов таму, вели 24-годишниот Кадир.

– Ме гледаа како граѓанин од втор ред, не се чувствував почитувано. Кога се движев низ градот, беше очигледно дека сум бегалец од кампот, додава тој.migranti-500

Надежта умрела после два и пол месеци

Податоците од Агенциите за бегалци покажуваат дека е сè поголем бројот на курдски бегалци кои што се враќаат дома, дури и додека сè уште стотина илјади Сиријци, Ирачани и Авганистанци, по тешки патишта, се пробиваат до западна Европа.

Од минатата година, според ирачкото Министерство за миграција, ирачкиот курдски регион го напуштиле 25.000 луѓе.

Но само во текот на минатата недела, група од 50-тина Курди кои што веќе побарале азил, се вратиле од Германија во Ербил.

Кадир во транзитниот камп во предградието на Берлин издржал два и пол месеци. Се надевал дека ќе отвори пицерија и ќе заработи доволно пари за да му помогне на своето семејство во Ербил, дека ќе се ожени и ќе ги одгледа своите деца во европска земја. Од Ирак побегнал бидејќи до градот во кој што живеел се приближиле силите на Исламската држава.

Но, признава дека минал низ вистински пекол за да дојде до Европа…imigranti vrakjanje

Во кампот условите со текот на времето станувале сè полоши, како што се зголемувал и бројот на бегалците. Храната била ограничена на два оброка дневно, а правилата на кампот го ограничувале времето кога од кампот можело да се излезе и влезе.

– Поради тешката ситуација во кампот, се почувствував дека животот во мојата земја е едноставно подобар, вели тој.

“Мојот син беше тажен и исплашен”

Кадир имал среќа бидејќи семејството финансиски му помогнало за тој да се врати во Ирак со авион.

И додека Кадир имал куќа во која што можел да се врати, останатите бегалци како Наваф Алиас, во Ирак немаат ништо освен шатор во бегалскиот камп. Сепак, дури ниту тоа не ги спречило за да му го свртат грбот на својот европски сон.

Наваф Алиас, кој што исто така се одлучил да ја напушти Европа после краткиот период кој што го минал во Германија, сепак немал толку голема среќа. Овој 35-годишник бил протеран во кампот во близина на курдскиот град Дохук, откако ИСИС го освоиле неговото село во месец август, во 2014-тата година. Тешките услови во кампот, го принудиле за и тој да тргне на тежок пат кон Европа.

На криумчарите им платил 20.000 долари за да му помогнат на него и на неговиот 10-годишен син за да стигнат безбедно до Германија.

– Германската Влада ни понуди храна и 540 евра за мене и мојот син, но тоа едноставно не беше доволно. Мојот син беше тажен и исплашен, а беше тешко да се пронајде и некој со кого можеше да се поразговара на курдски или арапски, вели Алиас.

Сега тој се вратил во својот шатор во Дохук, кој што му е многу подраг од сиромаштијата во Германија.

– Мојата заедница ме прими назад. Со пријателите се собравме да пиеме пиво, исто како и порано, раскажува тој.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1