Нема тајна која не била достапна за шпионите


Сателитскиот телефон на првообвинетиот во случајот “Шпион”, Маријан Ефремов, три години бил нонстоп во функција пренесувајќи ги државните тајни на неговите клиенти од неколку разузнавачки служби. Според обвинителниот акт, кој вчера беше прочитан на почетокот на судскиот процес за скандалот “Шпион”, најголемиот дел од државните тајни биле пренесувани токму преку овој телефон, кој е невозможно да се следи или да се прислушува, а само во неколку случаи биле испраќани преку електронска пошта или директно на рака.

spion sudenjeРазузнавачките служби биле најзагреани за исламските радикали и вахабистите, поставеноста на УБК и АР, македонската разузнавачка и контраразузнавачка мрежа, шпионската мрежа во Македонија, обуките кои ги вршеле странските разузнавачи, посетите на странските дипломати и разузнавачи, вработени во неколку амбасади, проценки и анализи на безбедносната состојба во земјата и состојбата во неколку политички партии, ОМД и “Виножито”. Имиња и биографии на странски разузнавачи и домашни политичари, воени лица и функционери често биле испраќани кај клиентите на Ефремов, унгарскиот разузнавач “Петре” и грчкиот “Ламбе”, заедно со податоци за лица кои биле под надзор на АР и УБК, како и податоци за оперативците кои работеле во надзорот.

На вчерашното рочиште беше прочитан обемниот обвинителен акт против деветнаесеттемина кои се товарат за шпионажа, злосторничко здружување, издавање државни тајни, уцена и изнуда.

spion3-630x419Според обвинителниот акт, групата ја формирал Ефремов во 2009 година, иако тој уште во 2005 година почнал со издавањето државни тајни. Неговото искуство било доволно за да направи екипа за која ниту една државна тајна не е недостапна. Тој ги добивал нарачките од странските разузнавачки служби и потоа ги дистрибуирал кај неговите соработници, кои биле мошне умешни во собирањето информации. Ефремов самиот ги анализирал и ги пишувал извештаите, на кои има давал шифрирани имиња во зависност од изворот или темата. “Бајрак”, “Иџет”, “Сани Бич”, “Тесалоники”, “Иле”, “Софија”, “Теа” се само дел од шифрираните имиња на извештаите кои се праќани во странство.

Според обвинителниот акт, дел од обвинетите собирале информации за лична корист и профит, бидејќи со нив подоцна уценувале. Информациите ги добивале од кртот” во Државниот архив, поранешниот директор на Финансиската полиција, Ване Цветанов, или од соработниците во МВР, а потоа со помош на новинарот Божиновски барале пари за да не ги објават. Во уцените учествувале повеќе обвинети во зависност од жртвата.

apsenje spionТака, од Драган Даравелски, Зоран Божиновски и Ефремов барале 200 илјади евра за да молчат, а Ефремов лично се сретнал со него во Белград. Обвинетиот Марјан Маџовски добил 12.600 евра за да собере информации за бизнисменот Минчо Јорданов, кој бил следната мета на Божиновски и Мичо Насковски. Во двата случаи тие не успеале да наплатат. Меѓутоа, има случаи каде што им било плаќано. Така, една жртва попуштила под притисокот дека ќе биде јавно жигосана како соработник на УДБА и платила 30 илјади евра на дел од обвинетите предводени од Горан Стојков.

Судскиот процес за аферата “Шпион” наредните неколку рочишта ќе биде зад затворени врати, бидејќи тогаш дел од обвинетите ќе ја даваат својата одбрана која ќе содржи класифицирани информации, односно државни, воени и службени тајни.

Vecer

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1