НЕМА ЦЕНЗУРА ЗА „РУГАЊЕ СО ХРИСТОС“ НА БОЈАЏИ


Филмот на Јани Бојаџи „Ругање со Христос” ќе може слободно да игра во кино, откако Државниот правобранител на Република Македонија Фехми Стафа денеска го повлече предлогот со кој од Основниот суд Скопје 2 бараше времено да гo забрани идното прикажување поради говор на омраза. Филмот имаше премиера на 5 октомври на фестивалот Киненова во Скопје, а мерката за забрана за прикажување во тек на 30 дена по фестивалот ја бараше Министерството за култура, на невиден филм туку само врз основа на трејлерот.

Државното правобранителство поднесокот за повлекување на мерката забрана го испрати до судот по дополнителните анализи, а на денешното рочиште судијката Сузана Дончевска констатира дека предлогот е повлечен. Во Судот не дојдоа претставници ни на Државното правобранителство ниту на Министерството за култура. Влатко Китановски, адвокатот на здружението „Артсинема“ што е организатор на Киненова, рече дека се согласува со предлогот за повлекување, а судијката Дончевска се согласи со неговото барање судските трошоци за ова рочиште да ги плати Министерството за култура.

На рочиштето беше присутен и директорот на Киненова Небојша Јовановиќ, како и претставник на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Јовановиќ одби да коментира.

Филмот на Бојаџи вечерва ќе се прикаже во Домот на културата во Штип, а на крајот на месецов и во Прилеп.

Како што соопшти Државното правобранителство на 7 октомври, решението за повлекување на предлогот за забрана е донесено по направените дополнителни и целосни согледувања и правни анализи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1