Уапсено едно лица за убиството на бугарската новинарка


Бугарската полиција приведе осомничен во врска со убиството на новинарката, Викторија Маринова, јави агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на извори блиски до истрагата.

„Можеме да кажеме дека осомничениот е приведен“, открил изворот, не сакајќи да изнесе повеќе детали.

Портпаролот на бугарското министерство за внатрешни работи не сакаше да ја потврди, ниту пак да ја демантира оваа информација. Наведе дека министерството подоцна во текот на денот ќе се огласи со соопштение.

Истовремено, бугарското национално радио јави дека државјанин на Романија бил уапсен во врска со ова злосторство.

Бугарската истражувачка новинарка, Викторија Маринова (30) беше бутално претепана, силувана и задавена во саботата во градот Русе во северниот дел од Бугарија, а нејзиното тело беше пронајдено во парк во близина на река.

Маринова беше новинарка и уредничка на бугарската телевизија „ТВН“ и известуваше за истрага за наводна корупција поврзана со фондови на Европската Унија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1