Нема веќе инфузија со врски и терапија под рака


Нема веќе инфузија со врски и терапија под рака. Сите болници и клиники ќе водат прецизна евиденција што набавиле и колку потрошиле за лекување на пациентите. Во рамките на Мој термин ќе биде имплементиран национален систем за сметководствено и материјално работење на јавните здравствени установи. Во деталната отпусна листа на пациентот ќе биде наведено се што е користено при лекувањето (игла, завој, ампула…) Ова треба да го скрати времето на чекање на шалтер за плаќање партиципација.infuzija

– Од друга страна, податоците од системот за сметководствено и материјално работење ќе овозможат полесно анализирање на потрошувачката во секоја јавна здравствена установа, со цел порационално планирање на набавките и искористување на ресурсите. Исто така, имајќи предвид дека повеќе здравствени установи досега користеа позастарени програми за аналитичка обработка на податоци, тоа значеше и трошење многу повеќе време на анализа на податоците, односно им одземаше и подолго време за планирање на ресурсите, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Во Националниот систем за сметководствено и материјално работење се внесени шифри на медицинските материјали, бар-кодови, како и цени кои се унифицирани и единствени за сите јавни здравствени установи. Како пилот проект веќе се спроведува во неколку болници во Македонија, а од идниот месец евиденцијата за набавеното и потрошеното ќе биде задолжителна за сите болници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1