Нема веќе „штрби баби“ – Ќе добиваме заби од епрувета?


Кинеските научници предвидуваат дека со помош на стем ќелии добиени од урината ќе може да „создадат„ заб.

Кинеската академија на науките, направила структура која потсетува на заб од урина на глушец и веруваат дека еден ден ќе успеат да направат заби за луѓето кои останале без нив.

Примитивната структура која потсетува на заб, е прво цврсто ткиво добиено од техниката „рециклирање„ на човечките излачувања.

Научниците користеле нов систем на развој на ткиво за да ги натераат ќелиите да се развијат во некој вид на заб, кој подоцна го пресадиле на глувците.

Др Данкин Пеи ја создал структурата на забите кои биле пресадени на глувците.

-Примитивните органи кои потсетуваат на заби се структурно и физички слични на човечките заби. Тие се со речиси иста еластичност како вистинските заби, но овој метод има свои ограничувања- покрај тоа што е испробан само на глувци, неговата успешност изнесува околу 30% и структурата и структурата нема иста густина како човечките заби- вели Д-р Данкин Пеи.

Сепак експертите веруваат дека со комбинирање на различни матични ќелии ќе ги адаптираат забите, за да можат да се користат како вистинска замена за човечки заби, за оние кои ги немаат.

Извор: Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1