Нема веќе умирање од рак – лекот бил во цревата тврдат научници


„Сите тумори на различни ткива и органи може да се убијат со силна дози на хемотерапија и зрачење, но проблем е што со  третманот на метастазирани тумори пред се’ се убива пациентот”.

Решението кое би можело да овозможи лекување на речиси сите видови на рак, дури и оние во напредна фаза, би можело  да се наоѓа во нас самите, односно во нашиот дигестивен систем, тврдат американските експерти.

creva teloИмено, дигестивниот систем е тесно грло во хемотерапијата. Лекување на рак со хемотерапија е како наводнување на растенијата со противпожарно црево. Ако растенијата ги наводенувате премногу, може да ги  убиете.

Џиан-Гуо Генг од Универзитетот во Мичиген, изјави дека шансите за преживување на пациентите третирани со хемотерапија расте експоненцијално ако неговиот дигестивен систем остане здрав и функционален покрај отровите кои ги содржи хемотерапија. Генг и неговите колеги неодамна открија биолошки механизам за заштита на дигестивниот тракт на глувците кои добиле  смртоносни дози на хемотерапија.

Ако се потврди и кај луѓето, откритието претставено во новиот број на списанието „Nature“ би можело да биде револуционерно.

-Уверени сме дека оваа техника би можела да лекува тумори во подоцнежна фаза кои метастазирале. Ако нашите предвидување се точно, луѓето повеќе нема да мора да умрат од рак-  изјави Генг.

Тој објасни: „Сите тумори на различни ткива и органи може да се убијат со силна дози на хемотерапија и зрачење, но проблем е што со  третманот на метастазирани тумори пред се’ се убива пациентот”.

Според новото откритие, одредени протеини кои се врзуваат за специфичните молекули на матичните клетки на цревата ги потикнуваат клетките да ја поправат штетата на цревата. Матичните клетки обично ги исцелуваат оштетените органи и ткива, сепак, т.н. нормалните количини на матични клетки едноставно не успеваат да држат чекор со штетата предизвикана од смртоносна доза на хемотерапија и зрачењето кои  се неопходни за успешно лекување на тумори во напредна фаза.

Додаток на матични клетки го штитат дигестивниот систем, па пациентите можат да консумираат хранливи материи, телото може да ги врши клучните функции, а отровните бактерии во цревата не можат да влезат во крвотокот. Сето ова им овозможува на пациентите да преживеат дополнителни дози на хемотерапија и зрачење.

Во новата студија, 50 до 75 проценти од глувци кои добиле молекули Р-спондин 1 и Слит 2 ја преживеле смртоносната доза на хемотерапија. Ниту еден од оние кои не добиле, не останал жив. Се разбира, оваа техника треба допрва да се потврди во клиничките испитувања на луѓето.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1