Австриската национална железничка компанија „ОББ“ денеска ги прекина железничките врски со Унгарија заради масовниот наплив на мигранти.
Компанијата во коминике објаснува дека нејзината железничка мрежа во последните неколку дена била претоварена од огромниот број бегалци, кои се упатиле кон Германија.
Тие соопштиле дека нема да продава билети за дестинациите кон Унгарија.
Австриската железничка компанија ги повика доброволците и автобуските компании да запрат со превозот на мигранти до нејзините железнички станици.