НЕМА ВРЕМЕ ЗА РЕДОВНА ПОСТАПКА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈО – ПАРТИИТЕ ДА ГИ УСОГЛАСАТ СТАВОВИТЕ


Работните групи денеска повторно ќе седнат на маса да ги разгледаат препораките на експертите за законот за ЈО…

По средбата се очекува да биде појасно дали ќе се надминат отворените прашања меѓу власта и опозицијата и конечно Предлог-законот за ЈО да се најде на пленарна седница.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска најави дека доколку до Парламентот биде доставен усогласен Предлог-закон за јавно обвинителство и по содржина и со договорено мнозинство, тој веднаш ќе биде ставен на собраниска седница.

Според него тој треба да биде договорен меѓу партиите пред да влезе во собраниска постапка… Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека доколку не се успее да се постигне согласност околу законското решение на време вината ќе падне врз власта… Од СДСМ со порака до опозицијата да се освести за важноста и да се постигне консензус…

Апел до партиите за договор за законот упатија премиерот Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ, пак, како што изјави пратеникот Антонијо Милошоски и натаму смета дека предложениот закон е некомплетен и со многу недостатоци, што според него, било потврдено и на јавната расправа во Собранието.

Надеж дека законот за јавното обвинителство ќе биде усвоен пред распуштањето на Собранието на 12 февруари изразија евроамбасадорот Самуел Жбогар и амбасадорката на САД Кејт Мери Бернс.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, апелира, во наредните три дена партиите да ги оформат сите предлози, и во форма на амандмани тие да бидат вградени во законот за ЈО… Рокот е краток па Владата најдоцна во понеделник да го достави до Собранието и тој да биде изгласан пред распуштање на Парламентот.
Екс премиерот нагласи дека станува збор за решение со европско знаменце, согласно со Националната европска стратегија, коешто се уште може да биде усогласено до крај на работењето на овој парламентарен состав…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1