Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба на глобално ниво заради коронавирусот.
СЗО прогласи вонредна состојба на меѓународно ниво откако бројот на случаи на коронавирусна болест се зголеми за повеќе од десет пати за една недела.
По трет пат оваа недела, Комисијата за итни случаи на Светската здравствена организација се состана вечерва, а по состанокот беше наведено дека тие не знаат каква штета може да предизвика коронавирусот 2019-nCoV, доколку се шири во земја со послаб здравствен систем и дека тие мораат да дејствуваат сега да им помогнеме на земјите да се подготват за оваа можност.
До денес, 170 се починати од вирусот, а повеќе од 7.700 луѓе се заразени.
Пријавени се 98 случаи на коронавируси надвор од Кина, вклучително и осум случаи на пренос на човекот во четири земји – Германија, Јапонија, Виетнам и САД.