Нема вулканска активност кај Охрид, се запалило само ѓубре


Редакцијата на ОхридСкај ја контактираше охридската против пожара бригада, од каде потврдија, дека во попладневните часови било испратено едно возило со обична вода ,која интервенирало на запален отпаден материјал кој бил фрлан кај дувлотово Косел. исто така го контактирале и ЦУК од каде истото било потврдено , и дека нема место за паника, пишува пишува локалниот портал Охрид скај. Вчера некои медиуми објавија дека се разбудил вулканот кој испуштал дим и дека се создала паника меѓу населението.

vulkan koselСулфатарата “Дувало” претставува активна поствулканска појава која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел, недалеку од Охрид. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од 0,5 м и длабочина од 30 см. Од отворот избиваат гасови на јаглен диоксид и сулфур водород заради што оваа појава во исто време е и мофета и сулфатара. Претставува последен знак на изумирање на некогашна вулканска активност.Сулфатарата Дувало во Косел е поствулканска појава една од ретките од ваков вид во овој дел на Европа. Со самиот ваков карактер сулфатарата преставува природен феномен, поради што во 70-тите од страна на Собранието на Општина Охрид добила статус на природна реткост. Упатените сметаат дека коселскиот “вулкан“ недоволно е искористен и наместо туристичка атракција, тој денес претствува депонија.

„Косел во поранешна Југославија се учеше во учебниците по географија за основно образование како ретка геолошка појава, опишувана како единствениот активен вулкан на Балканот. Всушност, станува збор за раседна пукнатина, или пукнатина во подлабоките слоеви на земјата од која на земјината површината избиваат гасови од подлабоките слоеви. Тоа е последица од вулканската активност што се случувала на територијата на денешна Република Македонија пред еден,два или пет милиони години, за која сведочат некои ридови во Кумановско-кратовскиот регион. Станува збор за уникатна појава, можеби единствена на Балканот од тој вид, иако такво нешто има и во Романија. Значи, од научен аспект, ова не е вулкан – туку пукнатина од која излегуваат гасови. Тука немало излевање на магма на површината“ – д-р Драган Калчаковски, професор на Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1