Нема жртви во пожарот на трафостаницата кај Пинтија


Изгаснат е пожарот што доцна попладнето избувна на стрништето спроти трафостаницата во Пинтија, предизвикувајќи оштетувања на високонапонската инсталација поради што поглемиот дел од Скопје остана без струја.

На местото се противпожарни екипи со две возила кои успеаја да го изгасната огнот, како и припадници на полицијата.

Од МЕПСО информираа дека напојувањето со електрична енергија било прекинато поради пожарот во близина на трафостаницата за да можат да интервенираат противпожарните единици.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, посочи дека неофицијално, пожар имало и во Бунарџик, но нема потврда за ова. Тој кажа и дека нема жртви и дека се е под контрола.

„Штотуку беше локализиран голем пожар спроти трафостаницата кај индустриската зона. Пожарната вложи максимални напори да го санираат пожарот. Службите на МВР брзо интервенираа. Ќе бидеме тука, бидејќи дел од далеководите се надвор од функција, па да видиме да не избие повторно пожар на некоја позиција. Нема човечки жртви, се е под контрола“, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1