СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.П.(38) од Штип поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Пријавениот во текот на месеците јуни и јули 2016 година од неговиот мобилен телефон, од својот фејсбук профил, преку интернет апликацијата „месенџер“, во повеќе наврати по пат на информатички систем им ја загрозил сигурноста на двајца министри во Владата на Република Македонија и еден пратеник во Собранието на Република Македонија.
Пријавениот испратил пораки со заканувачка содржина дека ќе нападне врз нивните животи и тела на „фејсбук месенџер“ профилите сопственост на оштетените.