НЕМАЛО БОМБА – мобилен телефон причина за евакуацијата на авионот на скопски аеродром/Видео


Авионот на „Туркиш ерлајнс“ кој поради безбедносна проверка привремено беше задржан на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, вечерва во 22:56 часот полета за Истанбул.aerodrom skopje avioni

Во авионот требаше да патува и делегација предводена од Ѓорге Иванов во која беше и министерот Бил Павлески. Од кабинетот на шефот на државата велат дека поради безбедносните процедури, Иванов и членовите на делегацијата не отпатуваа за Истанбул од каде требаше да заминат за Мадагаскар на Самит на франкофонијата.

Авионот на Туркиш ерлајнс кој според редот на летање требаше да полета во 20:40 часот беше задржан на пистата на Скопскиот аеродром поради проверка на електронски уред кој емитувал сигнал. По безбедносните проверки е утврдено дека не станувало збор за експлозивна направа. Согласно авиопроцедурите авионот морало да биде дополнително проверен, по што е издадена дозвола за негово полетување и тој замина за Истанбул.

Телевизија Нова доби потврда од аеродромските инфо служби дека е извршена проверка на авионот по што патниците повторно се качиле и авионот ќе полета кон својата дестинација.

Како што јави Телевизија Нова, чија екипа новинар и снимател требаше заедно со Иванов да патуваат за Мадагаскар, делегацијата на Претседателот не се вратила во авионот. Од кабинетот на Иванов од безбедносни причини одлучиле да не патуваат со тој авион и откажана е посетата на Мадагаскар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1