„Немам свои деца, па помагам на други“- Србинот кој трогна многумина


„Јас немам мои деца, па затоа секој пат кога ќе ги видам тие малечки дечиња како бегаат и се плашат, нешто се корне во мене. Ми доаѓа да заплачам. Тоа е моја професија да ги спасам, но пред се сум човек“. Ова го изјави сега најпопуларниот полицаец на Балканот, Ариф од Србија, кој со својата фотка на која теши и прегрнува дете мигрант трогна многумина.

hherojtatkoo

– Колегите ми рекоа дека сум излегол на Си-Ен-Ен, но јас ова го правам секој ден! Не ја ни видов новинарката која ме фотографирала и направила прилог. Ова е моја должност, за мене сите дечиња се исти, вели тој ексклузивно за српскиот Курир.

Колегите на Ариф велат дека е добар човек и одличен полицаец. Велат дека е многу скромен па затоа не му годи популарноста.

Инаку, Ариф има 34 години, не е женет и нема деца. Го изгубил татка си во сообраќајка на шест години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1