Си седиш дома, спиеш или уживаш во приватноста на СОПСТВЕНИОТ ДОМ и оддеднаш ти влегува некоја битанга – крадец кој се дрзнува да ти влезе во најсветото – таму каде ти живее фамилијата, жената, децата. Крадецот прети, вика, бара пари не ретко и удира по домашните. Ти така избезумен што ќе правиш?????
Ќе му пееш песнички, ќе му го цитираш законот или ??? ИЛИ КАКО СЕКОЈ НОРМАЛЕН ЧОВЕК НА КОГО МУ Е ЗАГРОЗЕН ДОМОТ, СЕМЕЈСТВОТО ќе се обидеш да се одбраниш. Да го совладаш крадецот. Зар во тие моменти кога си изваден од памет ќе размислуваш дали ќе го удриш од лево од десно, дали можеби ќе го повредиш или убиеш. ИСКРЕНО НЕ МИ Е ГАЈЛЕ – САМО ТОА ГОВЕДО ШТО СЕ ДРЗНАЛО ДА МИ ВЛЕЗЕ ДОМА ДА НАСТРАДА, А МОИТЕ ДОМА ДА СИ СЕ БЕЗБЕДНИ.
Човекот кој се брани воопшто не размислува како, и со кои средства ќе се брани и дали би го убил напаѓачот. Проработува инстинктот за преживување и одбрана на семејството. Секакви правни дефиниции од типот на реципрочна употреба на сила, бла бла…паѓаат во вода.
НО … но законот наш македонски не вели така.. вели меѓу редови дека крадците се малтене заштитени бели мечки и не смее влакно да им фали од глава додека ти го пљачкосуваат тешко спечаленото. Зошто ако случајно го убиеш отиде ти на суд па во затвор, па ќе ти стои во досие убиец!!!!!
Еве како е процедурата – а правниците нека размислуваат на оваа тема ПРОМЕНА НА ЗАКОНОТ ЌЕ ДА Е ПОТРЕБНА . последните примери со Македонецот Сашко во Белград кој го уби крадецот кој влегол додека неговата бремена жена и тој биле дома, како и Дедо Љубе, гордиот човек од планинско село кој бил брутално тепан од крадците и тој и неговата неподвижна бабичка. Двајцата како најладнокрвни убијци се пред судот.
Јавното обвинителство е должно да поведе кривично гонење. Дали се работи за нужна одбрана или не утврдува само и единствено судот, бидејќи тој е должен да врши оцена на фактите и на доказите презентирани во текот на постапката. Имало и досега случаи кога се водела постапка, па завршила со ослободителна пресуда поради примена на членот 9. Но со пресуда, а не по одлука на јавното обвинителство.
Нужна одбрана
Член 9 КЗ
(1) Не е кривично дело она дело што е сторено во нужна одбрана.
(2) Нужна е онаа одбрана што е неопходно потребна сторителот да одбие од
себе или од друг, истовремен противправен напад.
(3) Сторителот кој ги пречекорил границите на нужната одбрана може да се
казни поблаго, а ако пречекорувањето го сторил поради силна раздразнетост или уплав
предизвикан со нападот, може и да се ослободи од казна.
Судот во праксата има едно пошироко гледиште, па како нужна одбрана ја смета и одбраната (покрај од себе и друг) и на сопствениот имот. Во случај кога има пречекорување на нужната одбрана или крајната нужда, судот ќе биде поблаг во изрекувањето на казната, на пример место казна ефективен затвор ќе изрече казна условен затвор или сл.
НУЖНА ОДБРАНА, РЕЦИПРОЦИТЕТ НА СИЛА, ДА СЕ ОДБИЕ НАПАДОТ??? што праиме ако ти употребиш ,,реципроцитет,, а крадецот стане те прободе и убие тебе или некој од домашните??? на кој суд да се жалиш тогаш ??? Од кај ти да знаеш која будала ти влегла дома, дали има пиштол, дали е убиец или не е??
На крајот тој тебе ти влегува дома не си отишол ти кај него … дали е нормално да ти стои УБИЕЦ во досие во таков случај???