НЕМАТЕ ПРАВО НА СВОЈ ИЗБОР: Фејсбук сам одредува што можете да лајкувате


Малку по малку, Цукерберг потполно презема контрола над нашите животи.

Фејсбук призна дека некои веб-страници ги „лајкува“ наместо своите корисници, и тоа без нивно знаење. Од компанијата признаваат дека дошло до „ненамерни грешки“ и тврдат дека ничија приватност не е загрозена.
Имено, еден американски експер за прашања од безбедноста на интернет открил дека „Like“ сам од себе додава ако некој преку чет ви прати линк за некоја веб-страница. Страницата автоматски се лајкува двострано од двата корисника, го сакале тие тоа, или не.
Истата работа се случува ако корисник остави коментар на некоја страница што го користи системот на Фејсбук за коментирање.
Во Фејсбук кажуваат дека станува збор за ненамерен пропуст и дека работат на отстранување на грешката. Тврдат и дека ничија приватност не била загрозена.
Меѓутоа, овој случај повторно укажува јасно дека Фејсбук ги мониторира и оние делови на страниците за кои некои корисници очекуваат потполно да бидат приватни.

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1