Немојте да ги чистите ушите со стапчиња


Со стапчињата ушната маст само се притиска во внатрешноста на увото и се создава можност да се формира чеп.

stapcinja za usiСе истуширавте ја исушивте косата и сега е време да ги исчистите и ушите, површински па малку длабоко за да се собере целата вода. Убаво звучи, но е штетно и опасно, согласни се повеќето од оториноларинголозите.

„ Ако дојде до создавање на чеп се јавуваат проблеми како запушеност на увото, чувство на притисок во увото, зуење и слично. Не треба никако стапчиња да користите – ниту суви ниту навлажнети“ вели оториноларингорогот Марија Тавчар

Церуменот или народски кажано ушната маст е дел од внатрешноста на секое уво. Вишокот церумен како и нечистотиите и водата треба да бидат отстранети со впивање на вишокот вода со врвот од крпата, а кај бебињата со врвот од пелената нежно само да се впие водата. Оние пак кои имаат проблем со создавање на вишок на ушна маст треба да одат повремено, на секои 6 месеци на испирање на увото, велат лекарите.

Стапчињата не можат директно да влијаат на оштетување на слухот, но можат да направат надворешни повреди, а не ретко да внесат и бактерии кои ќе направат инфекции.

Повеќе на – БабинЛек.ком

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1