Бразилскиот кошаркар Фабрисио Мело ненадејно почина на 26-годишна визраст. Тој бил пронајден мртов во својот дом во родниот град Хуиз де Фори, во државата Минас Жераи.
Неговото безживотно тело го пронашла неговата мајка во раните утрински часови, откако претходната вечер Бразилецот заминал на спиење.
Мело во минатото беше драфтуван од Бостон во НБА лигата како 22. пик на драфтот пред четири и пол години. Мело само шест натпревари го носеше зелениот дрес, а потоа беше трејдува во Мемфис и во Далас.