Ненси ја преживеа еболата


Мисионерката Ненси Рајтбол се инифицираше со ебола во тек на работењето во Либерија. Преживеа благодарение на експерименталниот лек ZMapp, кој и‘ беше даден по враќањето во САД. Рајтбол за ДВ ја раскажа својата приказна.

ДВ: Ве молам, опишете го моментот кога во Либерија првпат почувствувавте дека сте болна.

Ненси Рајтбол: Прво се чувствував како да имам маларија. Имав само висока температура, немаше други симптоми. Направив тест за маларија, нашиот лекар тоа го направи и бев позитивна на маларија. Отидов дома и земав лекови против маларија. Дома останав четири дена, се одморав и пиев лекови. Во саботата се‘ уште не ми беше добро. Нашиот лекар рече: „Ненси сакам да направам тест за ебола. Не мислам дека е ебола, ти немаш други симптоми, но така ќе ги олабавиме и другите.“ Направија тест и вечерта ги добивме резултатите кои покажуваа дека сум позитивна.nensi ebola

Вашата состојба стана многу сериозна. Дали бевте при свест поголемиот дел од времето?

Повремено ја губев свеста. Сопругот Дејвид рече дека имало денови кога сум станувала и сум разговарала со него и сум јадела малку. Јас се сеќавам на нешто, но не се сеќавам на многу работи. Се саќавам дека многу спиев и се сеќавам колку деновите беа мрачни и врнежливи. И се чувствував многу, многу слабо. Не можев да станам сама, така што лекарите и сестрите мораа да ми помагаат. Секој ден се‘ повеќе губев сила. Беше многу тешко.

Во рамки на лекувањето го добивте експерименталниот серум ZMapp. Вие бевте една од само шест лица кои го добија лекот. Чувствувате ли внатрешен конфликт поради тоа?

Не во тааа смисла. Со оглед на тоа што лекот беше експериментален, прашањето што си го поставував беше – сакам ли да земам експериментален лек? Имаше момент кога му се јавив на д-р Кент Брентли (колегата кој исто така се зарази со ебола) и разговаравме за тоа, затоа што тој тоа го има студирано. Јас прашав: „Ќе го земеш ли лекот?“, а тој одговори: „Не сум сигурен.“ Јас реков: „Ако не го земеш ти, нема да го земам ни јас.“ Значи, јас тогаш повеќе се прашував „ОК, има експериментален лек, но никој не го тестирал. Каков ќе биде ефектот?“ Но потоа си мислев како би било ако го земам лекот, ако се чувствувам подобро би било супер. А ако го земам и не преживеам е исто така ОК, бидејќи можеби и онака нема да преживеам. Умот ви минува низ сите овие различни дилеми околу тоа што ќе се случи..

Се саќавам на денот кога лекарот дојде и рече: „Ненси, критичниот момент помина.“ И тој ми рече дека ќе преживеам, дека дел од моите тестови не покажуваат веќе присуство на вирусот на ебола. Јас само реков: „Фала му на Бога!“.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1