Крвава свадба: Младоженецот ја убил невестата па себеси штом си заминале гостите


Во домот на новопечената двојка се случи трагедија, кога од прославата на венчавката на анестезиологот Џоер Самсон и медицинската сестра Кели Екер замина и последниот гостин во американската држава Индијана.svadba445

Според сведочењето на сватовите, двојката почнала необично да се однесува штом си ги размениле брачните заклетви, а до крајот на прославата престанале да си зборуваат.

Штом од куќата каде се одржувала церемонијата си заминал и последниот гостин, настапила жестока кавга.

Кели прв пат повикала полиција во 1:25, кога успеала да им ја даде адресата. Минутка подоцна повторно се јавила и рекла “Ме претепа“ и “Тој е вооружен“, а третипт пат кога повикало се слушнало само “О Боже“ и звук на пукање.

Полицијата дошла до куќата во Индијана каде во собата ја пронашле мртвата Кели Екер, а Самсон извршил самоубиство во подрумот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1