Необични тестаменти – Кои биле последните желби на познатите


Тестаментот е последна можност на луѓето да кажат тоа што навистина го мислат, па дури и откако ќе го напуштат овој свет. Сепак, некои познати личности тестаментот како и последните желби ги сфатиле многу едноставно и слободно.

290391-m7Мерилин Монро : Иако млада, актерка веќе имала тестамент. Таа сите свои предмети му ги оставила на нејзиниот ментор и тренер Ли Стразберг. Тој пак, со нејзините работи не сторил ништо. Дури по неговата смрт во 1982 година неговата жена одлучила личните предмети на Монро да ги даде на аукција. Тие биле продадени за неверојатни 13.4 милиони долари.

Џенис Џоплин: Уште една дива која прерано го напушти светот имаше направено тестамент, но два дена пред да почине го променила. Таа оставила 2.500 долари за да се организира постхумна забава во нејзина чест во нејзиниот омилен клуб.

Секако забавата требала да трае цела ноќ.

Џин Роденбери: Не е во прашање желба, но му е оддадена почит на еден убав и необичен начин. За оние кои не знаат, Роденбери беше творец на оригиналните „Ѕвездени патеки “. Кога во 1991 година почина од срцев удар, неговата пепел беше испратена во вселената.

Хeри Худини : Пред смртта, Худини со својата сопруга без никој да знае се договориле дека кога тој ќе умре ќе се обиде да контактира со неа иако не е меѓу живите. Поради тоа неговата сопруга секоја година на Ноќта на вештерките, кога според католиците духовите се најблиску до светот на живите се обидувала да го повика неговиот дух и да контактираат. Според приказната, тој никогаш не се појавил.

Чарлс Дикенс : Креаторот на „Божиќна приказна” сакал луѓето да го паметат само по неговите дела. Поради тоа барал никогаш да не се подигне споменик или спомен-плоча во негова чест. Последната желба на големиот писател не била исполнета затоа што во негова чест денес постојат безброј споменици низ целиот свет.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1