Неочекуван пресврт во најголемиот љубовен скандал!


Помина речиси еден месец откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод на бракот, и оттогаш се случиле многу работи во домот на славната холивудска двојка.

Анџелина Џоли и Бред Пит минатиот месец се разделија, а актерката поднела барање за развод во кое побарала и старателство над нивните шест деца.

Актерката му забранила на својот поранешен сопруг да ги гледа нивните деца, и од 19 септември откако ги поднела документите за развод на бракот, славниот холивудски актер не ги гледал неговите деца – сè до минатиот викенд.bred-pit-joli-deca

Како што пренесува британски „Мирор”, актерот конечно минатиот викенд поминал некое време со своите деца, после речиси еден месец. Американските медиуми пишуваат дека Бред имал прва организирана средба со синовите и ќерките. На дружењето не се појавиле сите деца, а не се знае дали и Анџелина била таму.

– Судот одреди дека Бред не смее да биде сам со децата додека не заврши битката за старателството. Со нив беше семејниот терапевт – рекол извор близок на актерот.

Првата средба на Бред и децата била многу емотивна, раскажува извро за „Интач викли“.

– Бред во очите цело време имаше солзи, но се воздржуваше бидејќи не сакаше децата да го видат како плаче. Посетата беше мачна. Вивиен и Захара почнаа да плачат и го прашаа кога можат да одат со него дома – рекол извор.

Наводно е постигнат договор помеѓу Џоли и Пит кои беа во љубовна врска речиси 12 години.

Освен тоа, во медиумите одекна вест и дека ФБИ се откажува од понатамошна истрага која ја започнаа обвиненијата на Анџелина дека Бред неодамна физички го злоупотребувал синот Медокс во приватниот авион.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1