Извори од институциите кои се на терен потврдија дека катастрофалните поплави предизвикаа човечки жртви. Неофицијално, се работи за неколкумина жртви, јавува Курир.мк
Истите извори велат дека вакви катастрофични сцени се немаат забележано во Скопје. Од обилните врнежи кои паѓаа интензивно подолг период буквално се создаваа реки кои носеа се пред себе во околината на Скопје.
Силата на ударот на природната непогода бил толку силен што десетици возила зафатени од невремето буквално биле истуркани од водниот бран и пловеле дури и по неколку стотици метри.
Невремето корнеше и дрва и предизвикуваше свлечишта, одрони на повеќе локации низ Скопје.