Неофицијало: Загинати и повредени во престрелките во Куманово


4-ца тешко повредени полицајци се пренесени во болницата во Куманово. Уште четворица потешко повредени се пренесени во клиничкиот центар во Скопје. Неофицијално има и загинати, јавува A1ON

Screenshot_150

Во Куманово каде што утрово се пукаше е релативно мирно, но тензично.

Хеликоптери го надлетуваат градот и околината. Делот кај пазарот во Куманово и делот над пазарот кон романовски пат е затворен.

Полициски извори за А1 велат дека има многу полициска опрема, а муниција е донесена со хеликоптер од Петровец.

Нервозата и стравот во кумановско расте. Од утринските часови во делот наречен „Дива населба“, кај пазарот но и во центарот на Куманово се слушаа пукотници, рафали и хеликоптери како ја надлетуваат областа.

A1On

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1