Непознат вирус се шири по болниците, 18 доктори се болни, a најчудно e…


Поради непозната вирусна инфекција од која заболеа 18 лекари во Србија, поточно во болницата во Крушевац, се крена паника не само во Србија, туку и во регионот. Како што објави српскиот „Блиц“, повеќе лекари и медицински сестри имале исти симптоми, температура и исипување, а веќе им се направени крвни анализи и се во карантин.lekar spric

Најмногу заболени има на одделението за хирургија во болницата. Се смета дека ги заразил 37-годишен пациент што бил хоспитализиран минатата недела.

Сепак, ситуацијата е збунувачка. Лекарот кој прв го прегледал пациентот нема симптоми, како ни возачот што го возел со Итна помош, но затоа сите други лекари и сестри имаат.

– Пациентот дојде со воспаление на белите дробови. Сепак е чудно како сите кои првично имаа контакт со него не се заболени, а сите други се – вели извор. Резултатите наскоро ќе бидат готови.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1