Теодора Качански почина откако беше тешко ранета во саботата. Како што кажал извор близок до овој случај, финтес – инструкторката од Нови Сад немала шанси да преживее.
– За време на нападот во кој метата е во автомобил најчесто се пука во горниот дел од возилото. Така беше и во случајот со убиство на навивачот на Партизан, Александар Станковиќ во Белград. Нему убиецот го погодил директно во глава, најголем број од куршумите завршиле прецизно во горниот дел од телото и сите биле смртоносни. Така било и во нападот во Нови Сад.
– Несреќната девојка погодена е со три куршуми од кои едниот ја погодил во вратот, вториот во стомак, а третиот во левиот бут. Сето време во болница била на апарати – кажал изворот за телеграф.рс.
Теодора се здобила со три прострелни рани. Еден куршум и минал низ вратот, другиот завршил во левиот бут, а третиот во стомакот ги зафатил и оштетил желудникот и црниот дроб. Сите три прострелни рани здобиени се од левата страна.
Како што пишува телеграф.рс, Ненад Стевиќ дечкото на починатата Теодора поради кој наводно таа е убиена, нема да соработува со полицијата.
Качански според луѓе од нејзино окружување, била девојка за пример. Нејзината другарка Мина за телеграф.рс кажала дека Теодора по смртта на нејзината мајка била столб на семејстовто.
– Го познавам целото семејство на Теодора, таа беше ангел, прекрасна и пожртвувана ќерка. Таа се грижеше до последниот ден на животот на мајка и, ја правеше среќна жена со грижата и љубовта. По смртта на мајка и, продолжи да биде ангел за нејзиниот татко, сестра и брат – кажала потресенета девојка.
Додала дека Теодора живеела за семејството, љубовта на својот живот и пријателите.
– Таа беше столб на семејството, не можам да ви опишам колку ми е жал за нејзиното семејство. Жално е колку во нашето општество има злобни и несреќни луѓе кои навредуваат девојка која не згазила на мравка, и судат врз основа на предрасуди.
– Само сакам да ја остават да почива во мир на некое подобро место со својата мајка – завршила Мина.