Во саботата околу 05,00 часот во Скопје, лицето П.Б. од Р.Франција, кој престојува во хостел „Рекорд”-Скопје, откако излегол од дискотеката „26″, бил пресретнат од четири непознати лица, кои насилно го внеле во автомобил (сива боја) со непозната марка и регистарски број.
Тие почнале да го удираат, му извршиле пребарување и му одземале мобилен телефон „Ајфон 4″, часовник и јакна во која имало паричник со 2.000 денари, 15 евра, платежни картички и француска лична карта, а потоа го оставиле на непозната локација на подрачје на Ѓорче Петров