Трета светска војна, земјотреси, болести… Што не` очекува во следната 2014 година?
Одговорот на ова го даваат досега непознати пророштва на најпознатата пророчица Баба Ванѓа кои ги објави руското радио Украина, кое емитува програма од Киев.
Непознатите пророштва на Баба Ванѓа наводно се дел од списите кои ги прибрал украинскиот патник и бизнисмен Анатолиј Лубченко кој со пророчицата разговарал непосредно пред нејзината смрт во Петрич.
Ванѓа во 2014 „видела“ три случувања. Првото е голема поплава кога ќе „пловат река од лешови“.
Другото „видување“ се однесува на Бугарија која во подобар живот после мај ќе ја понесе висок човек кој доаѓа од странство. И на крај, како трето, Баба Ванѓа видела нова болест полоша од сидата, која прво ќе ги погоди мажите. Ванѓа останала непрецизна, дали тоа се однесува на Бугарија или цел свет.
Од друга страна, пророкот Петер Дунов предвидува целосен колапс на Грција, кој ќе му донесе добро на Бугарија, а на што ќе му претходи силен земјотрес.