Нешто е премногу секси во државата Данска


Во три до пет дански региони донесена е одлука медицинските сестри да добијат работни униформи кои се „помалку секси“, по истражувањето кое покажало дека расте бројот на медицински сестри изложени на сексуално вознемирување.

medicinska sestra

Како што пренесуваат данските медиуми, според истражувањето кое го спровело Здружението на медицински сестри на Данска, осум отсто од медицинските сестри биле жртви на несакано сексуално внимание во 2012 година, што е двојно повеќе од пред десет години.

Здружението на медицински сестри не смета дека работните униформи се единствената причина за сексуално вознемирување на нивните членки на работното место, но оценува дека одлуката на надлежните да ги променат униформите е една од важните чекори во добар правец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1