НЕСРЕЌА КАЈ ПЛЕТВАР: Загина тригодишно девојче и дваесет и тригодишно момче


Поради силината на ударот, интервенирала и противпожарната единица за да ги исече возилата и да ги извлече загинатите и повредените. Поради увидот на истражните органи, патот беше затворен во двете насоки…

Тригодишно девојче од Скопје и дваесет и тригодишен прилепчанец загинаа, а една жена е повредена во сообраќајната несреќа што се случи во неделата вечерта на Плетвар, кај ресторанот „Че“, на патот Градско – Прилеп.soobrakjajka policija nokj

Тригодишно девојче од Скопје и дваесет и тригодишен прилепчанец загинаа, а една жена е повредена во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај Плетвар.

Според официјални информации од Министерството за внатрешни работи, во сообраќајната несреќа учествувале три возила, автомобил „шаран“ со скопски регистерски ознаки, комбе „пежо експерт“ со бугарски регистерски ознаки и камион „МАН“ со битолски регистерски ознаки.

Тригодишното девојче кое било сопатничка во автомобилот „шаран“ и возачот на комбето, дваесет и тригодишниот Горан Ц. од Прилеп загинале на лице место, а уште една жена, за која се уште нема информации колку години има и во кое возило се наоѓала, е повредена и пренесена во прилепската болница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1