28 СЕПТЕМВРИ ПОПЛАВИ И ПОТРЕСИ? Во иста вечер Крвава и Супер Месечина – еве што вели пророштвото!


Оваа есен Месечината во ист ден ќе биде и најтемна и најсветла годинава. Рано утрово на 28 септември, месечинатаќе биде во точка на патување кога е најблиску до земјата, и ќе биде најголема, впрочем и затоа ќе се вика Супер Месечина.

Поради својата близина силно ќе свети, а набрзо потоа и постепено ќе исчезнува. Целосното помрачување ќе се случи по само еден час од нејзиниот најсјаен момент, кога земјината сенка во целост ќе ја затемни Месечината.krvava-mesecina

Во текот на затемнувањето кое ќе трае еден час, жителите на Земјата ќе сведочат и за таканаречената Крвава Месечина, односно феномен кога Месечината ќе сјае со црвена или портокалова боја како резултат на одбивањето на Сончевата светлина од Земјината атмосфера.

Многумина се уверени дека Месечината и нејзината поврзаност со Сонцето допринесуваат за плимата и поплавите, но и за земјотресите ерупциите на вулканите, а оние кои веруваат во „пророштво на крвавата месечина“ тврдат дека ќе следи апокалипса.

Експертите тврдат дека нема причина за загриженост, плимата ќе биде повисока од порано, но само до пет сантиметри повисока од највисоката плима во последните дваесет години.

Курир.рс

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1