Пронајдени се заталакните скопјани на Бистра


Спасувачките служби рано утрово после 24 потрага, живи и здрави ги пронајде двајцата скопјани кои заталкаа на планината Бистра.planinari

Двете лица еден на 35-годишна возраст и другиот на 29-години кои вчера попладне се изгубија на падините на Бистра веќе се на безбедно и закрепнуваат.

Изморени и без професионална опрема, двајцата скопјани преноќиле под отворено небо. Според СВР Тетово, утринава околу 8 часот, патрола на полициското одделение Ростуше ги забележала во близина на месноста Сенечки ливади под врвот Меденица по што биле преземени со возило.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1