Несреќа на Егзит – момче паднало од тврдината


Дваесет и две годишно момче е повредено рано утрово, откако паднал од Петроварадинската тврдина во Нови Сад, обидувајќи се да ја прескокне оградата и без карта да влезе на фестивалот Егзит.

exit500Момчето се здобило со тешки повреди на скочниот зглоб. Новосадската полиција соопштила дека во текот на вториот ден од фестивалот „Егзит 14“, на кој присуствувале околу 40.000 посетители немало пријавено прекршување на законот за ред и мир или продавање на наркотични средства.

На булеварот Цар Лазар вчера околу 13:30 часот две лица му се заканиле со нож на 24-годишен романски државјани  и му одзеле 5.000 динари, 2.000 леи и мобилен телефон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1