Несреќа во близина на Струга се преврте возило


Сообраќајна несреќа се случи претпладнево на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на Струга.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи од Охрид, несреќата се случила по 10 часот а во неа учествувало едно патничко возило „Мерцедес“.

фото:Прес24

фото:Прес24

Во еден момент возилото во кое се превезувале четворица патници излетало од патот и се превртело на десната страна. Нема повредени.

Од полицијата соопштија дека најверојатно, причината за превртувањето е неприлагодената брзина кон условите на патот, но точната причина ќе биде соопштена по сумирањето на податоците од страна на увидната екипа.

фото:Прес24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1