Несреќата е необјаснива, авионот технички бил беспрекорен


Челникот на германската воздухопловна компанија „Lufthansa“, Карстен Спохр“, изјави во средата дека авионот „Airbus A320“ со 150 патници и членови на екипажот на нејзината нискотарифна компанија ќерка „Germanwings“ кој во вторникот се урна во Алпите во јужна Франција бил „технички беспрекорен“ и несреќата ја нарече „необјаснива“.

„Сево ова за нас е необјасниво“, изјави Карстен Спохр на аеродромот во Франкфурт, по минутата молчење од сите вработени на „Lufthansa“. „Авионот беше технички беспрекорен а двајцата пилоти искусни“.avion nesrekja znak

Француското биро за истрага „нема објаснување за причината на несреќата“, изјави директорот на бирото Реми Жути и притоа потврди на конференцијата за печат дека тонскиот запис на првата црна кутија може да се анализира.

– Успеавме да извлечеме аудио фајл кој може да се користи, гласовите се разбирливи. Сега е потребно да се направи детална анализа за да се разберат и интерпретираат звуците и гласовите – изјави рече Реми Жути.

На прашањето дали тоа се гласовите на пилотите, снимени на црната кутија, директорот одговори дека не може да одговори на тоа прашање.avion_796532S1

– Во овој момент на истрагата, евидентно, ние не сме способни да дадеме ни најмало објаснување за причините кои го наведоа авионот да се спушти, и причините поради кои тој продолжи да се спушта, исто како и причините поради кои не одговорија (пилотите) на обидите за стапување во контакт со контролата на летањето кога им беше поставувано прашање – истакна директорот на Бирото.

Тој притоа нагласи дека авионот летал до сударот со планината и дека немало експлозија во воздухот.

Претходно во вторникот беше објавено дека авионот бил произведен во 1991 година и извршил околу 46.700 часови лет. Беше јавено дека и токму овој авион имал проблеми во понеделникот имал проблем со механизмот кој се отвора и завора во моментот која се вклучува уредот за слетување. Во понеделникот леталото целиот ден бил приземјен на аеродромот во Диселдорф а во вторникот било утврдено дека проблемот е решен.

Беше потврдено, исто така, дека многу членови на екипажите на авионите на „Germanwings“ во вторникот не се јавиле на работа и одбивале да летаат, оправдувајќи се со лични причини, поради што беа откажани многу летови.

Авионите на „Lufthansa“ од четврток ќе летаат од Диселдоф и Барселона за Марсеј, додаде Спохр, за да им се овозможи на семејствата на жртвите да дојдат до местото на трагедијата. „Сега приоритет е да им се помогне на семејствата“, додаде.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1