Несреќно семејство: Го изгуби братот и снаата во боингот што исчезна, сега поќерката и зетот


Семејствата и блиските на 298 патници и членови на екипажот на малезискиот авион кој беше соборен вчера над источна Украина се уште се обидуваат да се помират со веста за трагедијата.

Но, за едно семејство од Австралија веста е особено трагична и претставува втора огромна загуба за неколку месеци и тоа токму со авионите на „Малезија Ерлајнс“.

Kaylene-Mann_2979473b

Кајлин Ман од Квинсленд во малезискиот Боинг 777-200, на летот МХ17 кој беше соборен вчера ја загуби својата поќерка Мари Рицк и нејзиниот сопруг Алберт, кои се враќале од одмор во Европа.

Само пред неколку месеци, во исчезнатиот малезиски авион МХ370  таа ги загуби братот Род Буроус и снаата Мери.

zrtvi 2 aviona

„Тоа уште еднаш ги врати сите работи назад. Едноставно повторно не распарчи!“, рекол братот на Ман, Грег Буроус.

Најголем број од загинатите патници во малезискиот авион се Холанѓани , но има и Австралијци, Малезијци (вклучувајќи 15 членови на екипажот), Индонезијци, Британци, Германци, Белгијци, државјани на Филипини и на Канада. Националноста на уште 40-тина патници не е потврдена, затоа што најголемиот дел од нив се качиле на авионот без да поминат пасошка контрола во Амстердам.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1