Од УХМР информираат дека во наредните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Поизразена нестабилност ќе има во четврток попладне кога на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и силен ветер. Локално ќе има појава на невреме со град.
В петок и во сабота ќе дува умерен, а на места повремено и силен ветер од југозападен правец кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час.