Арам Пан е момче од Сингапур кое ставило ГоПро камера на свјот автомобил додека се возел низ Пјонгјанг.
Туристичкиот слоган на Северна Кореја е : „Посетете ја најсреќната земја во светот“. Но сепак само 6 000 туристи ја посетуваат годишно, што е и воедно најмалку во светски рамки.
За негативната реклама допринесол извештајот на ООН во кој се наведува дека во Северна Кореја има многу лоши услови за живот, секој дом бил прислушкуван, децата учат да цртаат слики со нивниот водач и земја каде што сексуалното злоупотребување на децата од страна на луѓе вработени во државни институции било секојдневно.
Со ова нецензурирано видео се прикажува една сосема поинаква слика за Северна Кореја.
Она што може да се забележи е тоа дека облакодерите го имат задржано строгиот стил, но сепак се ултра модерни и до сега невидени.
Камерата покажува широки асфалтирани патишта, сообраќајците се елегантно облечени.
Арам Пам дури снимил и модерен базен изграден во еден трговски центар.