Неуспешен атентат на премиерот – загинаа дипломати


Во падот на хеликоптерот, кој превезуваше странски дипломати, денеска загинаа најмалку шест лица, а 13 се повредени, соопшти пакистанската војска, пренесува Би-Би-Си.

Одговорноста за уривањето на хеликоптерот ја презедоа талибанците, а се верува дека цел на нападот бил премиерот на Пакистан Навиз Шараф. Тој бил во друго летало, кое безбедно се врати во Исламабад.

helikopter pakistan

„Хеликоптерот беше урнат со рачен минофрлач“, се наведува во електронската порака од талибанскиот портпарол Мухамед Корошани.

Во уривањето на хеликоптерот, загинаа норвешкиот амбасадор Леиф Ларсен, филипинскиот амбасадор Доминго Лусенсарио Помладиот, сопругите на амбасадорите на Малезија и Индонезија, како и двајцата пилоти.

Холандскиот амбасадор Марсел де Винк и полскиот амбасадор Андржеј Ананиц се повредени во несреќата.

Дипломатите требало во планинските предели на Пакистан да присуствуваат на покренувањето развојни проекти.

Портпаролот на воените сили Асим Бајва соопшти дека 13 лица го преживеале уривањето, со „различни степени на повреди“.

Хеликоптерот се урна во непосредна близина на едно училиште, но според првичните податоци нема повредени деца.

Во хеликоптерот од типот Ми-17, кој беше урнат близу градот Гилгит, по што се запали, имаше 11 странски државјани и шестмина Пакистанци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1