Драма на македонското небо – патнички авион по турбуленции почнал да паѓа


Вистинска паника се случувала во авион на една компанија која операрира од македонскиот аеродром. На летот од Западен Минхен до Скопје, вчера околу 15 часот се случил помал инцидент кој ги испаничил патниците, пишува порталот ЗаСе.мк.

Имено, летајќи кон Македонија, авионот бил зафатен од силни турбуленции по што, како што велат патниците кои утрово се јавиле во порталот, авионот почнал неконтролирано да паѓа.

avion3

За среќа, присебниот и очигледно добро обучен екипаж брзо ја исконтролирал ситуацијата и успеал за триесетина минути авионот без никакви проблеми да го слета во Скопје.

Дел од патниците  беа потресени но велат дека се радуваат што успеале безбедно да слетаат.

Турбуленциите се редовна појава во авионските летови. Посилните предизвикуваат паника кај патниците бидејќи понекогаш се случува авионот да почне нагло да се спушта, но сепак, пилотите ја имаат контролата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1