За влакно бил спречен неверојатен гаф на српскиот претседател Томислав Николиќ при неговата посета на арапските Емирати. Имено, Николиќ му бил гостин на шеикот Мохамед бин Зајед на крајот од минатата година.
Во знак на почитување, српскиот протокол спакувал 50 шишиња од домашната ракија која претседателот Николиќ сам ја пече секоја година. Шишињата пристигнале во Емиратите и вистинска среќа е што ги виделе дипломатите кои работат во српската мисија во Дубаи.
„Зар не знаете дека на муслиманите им е забрането да пијат алкохол?“, прашале тие.
Шишињата биле спакувани и вратени назад за Србија.