Директор на Google загина во лавината на Еверест


Топ менаџерот на американската интернет компанија Google, Даниел Фрединбург загинал во саботата во лавината на Монт Еверест, којашто ја покрена силниот земјотрес во Непал.

Фрединбург беше одговорен за прашањата со приватноста во лабораторијата Google X, а исто така беше иницијатор за создавање на Google Street View, панорамски фотографии достапни за корисниците на мапите на Google. Тој на Еверест лично учествувал во искачувањето на врвот со камера со кои снимал за потребите на сервисот.

daniel

 

„Со голема тага ја објавуваме смртта на еден од членовите на нашиот тим., Даниел Фрединбург. Другите двајца членови на екипата се здобиле со повреди кои не се опасни по животот, во лавината која се урна врз логорот за време на земјотресот“, се вели во соопштението на компанијата „Jagged Globe“.

Според информациите од непалското министерство за туризам, најмалку 18 алпинисти загинале во базниот камп во снежната лавина на Монт Еверест предизвикана од земјотресот.

Кон средината на март годинава Google го претстави виртуелното патување во областа на Монт Евререст во Непал кој на корисниците им го нуди на увид едно од најнепристапните места на планетата во кое животните услови се извонредно груби и тешки. Услугата Street View овозможува преглед на националниот парк Сагармата во кој сините смрзнати кривулести реки се протегаат меѓу снежните врвови, будистичките монаси свират, а стадата јакови се искачуваат по стрмите карпести патеки.

Екипите коишто ја снимале областа се движеле пеш опремени со двата фотоапарата со 15 објективи конципирани специјално за оваа цел. Снимиле повеќе од 45.000 панорамски прегледи врз зафрлените села во источни Хималаи во кои живее заедницата Шерпаси.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1