Неверојатна исповед: Мојот татко ми вбризга шприц со крв заразена со ХИВ (ВИДЕО)


Сè започнало пред 26 години, кога родителите на Брајан се запознале во воениот центар за обука во Мисури, каде што и двајцата биле обучувани за болничари. Набрзо почнале да живеат заедно, а пет месеци подоцна, во средината на 1991 година, мајката на Брајан забременила.Сè започнало пред 26 години, кога родителите на Брајан се запознале во воениот центар за обука во Мисури, каде што и двајцата биле обучувани за болничари. Набрзо почнале да живеат заедно, а пет месеци подоцна, во средината на 1991 година, мајката на Брајан забременила.screenshot_3

-Твоето дете нема да го доживее петтиот роденден. Не сакам на никаков начин да бидам поврзан со него, рекол Стјуарт.

Во меѓувреме, тој се вработил како лабораториски техничар, а тоа го искористил за тајно да зема примероци со заразена крв и да ги чува дома.

Кога Брајан наполнил 11 месеци, добил силен напад на астма, па неговата мајка го повикала поранешниот сопруг за да го извести за сериозната болест на нивниот син. Тој дошол во болницата каде што лежел Брајан и кога неговата мајка накратко излегла од собата, Стјуарт ја извадил инјекцијата и во својот син вбризгал крв заразена со ХИВ.

Неговата монструозна цел, како што подоцна ќе објасни во судот, била детето да умре за повеќе да не мора да плаќа алиментација.hiv1-640x640

Лекарите успеале да го стабилизираат малото дете, но следните четири години настапила агонија за Брајан и неговата мајка. Здравјето на детето станувало се` полошо, а докторите и покрај бројните тестирања не успеале да ја откријат причината за тешката состојба на нивниот пациент.

Конечно, еден од лекарите дошол до идеја да направи тест за СИДА. Резултатот бил позитивен, а бидејќи лекарите сметале дека детето нема да живее подолго од пет месеци, одлучиле да го отпуштат од болница за последните денови од животот да ги помине дома.

Сепак, докторите продолжиле да го лекуваат Брајан со сите расположливи лекови во тоа време. Тој живеел од ден за ден, бидејќи поради ХИВ вирусот неговиот имунитет бил многу слаб, што предизвикувало чести инфекции. И додека другите заразени деца во болницата умирале, лекарите биле запрепастени бидејќи состојбата на Брајан се подобрувала.

-Родителите на децата во мојот клас не ме сакаа во училиштето. Луѓето во 90-тите години мислеа дека СИДА-та може да се добие преку даската на WC школката, се присетил Брајан.hiv-1-640x848

-На почетокот бев многу лут и огорчен. Не можев да разберам како можеше татко ми тоа да ми го направи. Не само што се обиде да ме убие, туку засекогаш го промени мојот живот. Тој е одговорен за тоа што децата ме малтретираа, тој е виновен за тоа што многу години поминав во болница. Поради него во секој момент морам екстремно да се грижам за моето здравје, раскажува тој.

Сепак, Брајан успал да ги надмине повеќето пречки и денеска работи како мотивациски говорник а неговата смисла за хумор, никогаш не го напушта.

-Ако не бев мотивациски говорник, веројатно ќе бев комичар. Луѓето мислат дека хуморот е мојот одбранбен механизам, но тоа не е точно. Мислам дека едноставно имам доволно сила да се смеам на сметка на мојата мака, вели тој.

Вистината за тоа зошто неговиот татко му вбризгал крв заразена со ХИВ, Брајан ја дознал по 24 години, додека татко му го давал исказот во суд.

Судијата без многу размислување одлучил да не го пушти на условна слобода Стјуарт Џексон откако ја слушнал потресната приказна за монструозното злосторство, кое за среќа немало трагичен епилог.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1